„Безбеден сообраќај“ фати стотици прекршители – засилените контроли продолжуваат

Во рамки на оперативната акција „Безбеден сообраќај“, денеска во Скопје беа казнети 247 возачи, додека едно лице беше уапсено за безобзирно возење – информира Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје.

Контролата беше спроведена во периодот од 12:00 до 16:00 часот и беше насочена кон мотоциклисти и велосипедисти со помошен мотор, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

 Детали од контролата: Кои возачи беа казнети?

Во текот на контролата беа проверени 1.020 возила, при што беа изречени санкции за различни прекршоци:

1 лице лишено од слобода за безобзирно возење (чл.297-А од Кривичниот законик)

53 возачи казнети за брзо возење

33 лица управувале без возачка дозвола

5 лица возеле без возачка потврда

62 мотоциклисти без заштитна кацига

10 возила биле нерегистрирани

18 возачи возеле возила од несоодветна категорија

66 други прекршоци од различен карактер

Дополнително, беа привремено одземени пет возила, меѓу кои два мотоцикли и едно патничко нерегистрирано возило, како и две технички сомнителни возила.

 Апел за одговорно учество во сообраќајот

Надлежните најавуваат дека засилените контроли продолжуваат и во наредниот период со зголемен интензитет.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата. Само така ќе обезбедиме побезбедни улици за сите,“ порачуваат од СВР Скопје.

Извор: Фокус