На 02.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

За време на контролата биле констатирани 39 прекршоци, од кои 21 надвор од населено место и 18 во населено место.

Санкционирани биле и 17 други видови на прекршоци, од кои 7 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за возач почетник и 7 за непрописно паркирање.