Денеска (23.03.2022) во периодот од 10:00 до 15:00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Тетово, при што санкционирани се 45 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.