Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.07.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 95 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 10 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, осум санкции за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење мобилен телефон…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.