Министерството за внатрешни работи денеска спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 921 возач.

Од нив 37 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 461 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 460 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.