Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се казнети 154 возачи.
Од нив, пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Од МВР информираа дека 75 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.