Казнети се 99 возачи кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 17.00 часот на територијата на Република С. Македонија.
Од Министерството за внатрешни работи најавија дека се продолжува со засилените акциски контроли и апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.