Инспекциските служби на Општина Центар, заедно со МВР, излегоа на терен по инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е регистрирано оштетување на јавна површина и инфраструктура покрај градежен зафат.

По извршениот увид биле констатирани оштетувања на коловозот, тротоарот, канализациската мрежа и уличното осветлување, по што на инвеститорот му биле изречени најстроги законски казни и санкции.

Од Општина Центар соопштија дека инвеститорот е санкциониран поради непочитување на обврските и предизвикување штета врз јавната инфраструктура.

Паралелно со инспекцискиот надзор, општински екипи поставиле сигурносни појаси и предупредувачки ленти за обезбедување на локацијата и безбедно движење на граѓаните.

Инвеститорот е задолжен итно да го обезбеди просторот, да преземе мерки за санација и целосно да ја врати оштетената инфраструктура во првобитна состојба.