Владата на денешната седница го задолжила Министерството за правда да поднесе иницијатива за разрешување на Државниот јавен обинител Љупчо Коцевски.

Според Законот за јавното обвинителство, републичкиот обвинител го избира и го разрешува Собранието, а го предлага Владата и тоа од оние кандидати за кои добила позитивно мислење од Советот на јавни обвинители.

Мандатот на републичкиот обвинител трае 6 години.

Љупчо Коцевски беше избран за републички јавен обвинител пред една година.

Премиерот Христијан Мицкоски досега повеќе пати го обвини Јавното обвинителство дека не си ја работи работата и дека кога органите на прогон требало да преземат мерки за гонење на некој функционер, обвинителите добивале дијареа и висока температура. Премиерот неодамна рече и дека имаат мнозинство во Собранието да го сменат обвинителот Коцевски.

Извор: plusinfo.mk