18-годишен жител на Демир Капија пријавил дека неговата лична карта можеби била злоупотребена за подигнување кредит во финансиско друштво во износ од 215.731 денари.
Според неговата пријава, во периодот октомври–ноември 2025 година, лице од Неготино му ја земало и фотографирало личната карта со образложение дека е потребна за делење пакети за црквата, за што ќе добие паричен надомест. До денот на пријавувањето, момчето не било повикано да учествува во делењето пакети, ниту добило пари.
Во меѓувреме, добил писмо од финансиско друштво со барање за отплата на кредит подигнат на негово име. Тој се сомнева дека лицето што ја земало личната карта го подигнало кредитот без негова согласност.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, а младото момче апелира граѓаните да внимаваат со своите лични документи.
