Претседателот на Србија со најави за инциденти на протестот „Се гледаме на Видовден“
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека очекува инциденти вечерва во Белград за време на протестот под мотото „Се гледаме на Видовден“, организиран од студентите што веќе неколку дена го држат главниот град под блокада.
„Ќе има насилство, тие не можат да излезат од тоа. Никој нема да ги слуша нивните говори“, изјави Вучиќ пред новинарите во Палатата на Србија, по повод свеченоста за доделување награди на институции и поединци за Видовден.
Според него, инцидентите ќе започнат во периодот помеѓу 20.45 и 21.45 часот, при крајот на официјалниот дел на собирот.
Властите ќе бидат воздржани, најави Вучиќ
Вучиќ рече дека државните институции ќе се обидат да дејствуваат со воздржаност и трпение, но напомена дека организаторите нема да бидат задоволни од резултатите на протестот.
КОНТРАМИТИНГ: Вучиќ најави протест на Видовен
Студентите, кои со денови се дел од блокадата на улиците во главниот град, протестот го најавија под името „Се гледаме на Видовден“. Тој треба да започне денеска во 18 часот на плоштадот Славија, а да заврши во 21 часот.
Организаторите испратија два ултиматума до владата на Србија:
Да се распишат вонредни парламентарни избори
Да се прекине собирот во Пионирски парк
Тие бараат овие услови да бидат исполнети до 21 часот вечерва.
Извор: Точка