Да го потсетиме Бујар Османи дека првенците на ДУИ доставија бел лист хартија до ВМРО-ДПМНЕ со баарања кои ќе ги исполнат само за да останат во Владата, велат од ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на прес-конференцијата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир и поранешен шеф на дипломатијата кој изјави дека наводно од ВМРО-ДПМНЕ му праќале приватни пораки за затоплување на односите.

„На Бујар Османи или не му кажале, или не сака да се сети на времето кога преговарачкиот тим на ДУИ остави бел лист хартија пред ВМРО-ДПМНЕ подготвени да го исполнат секое барање само за да останат во Владата која беше поразена на избори. Тогаш не звучеа така храбро и не се однесуваа првенците на ДУИ кои сега силно се удираат во гради. А Бујар Османи може да глуми принципиелност, но вистината е очигледна: врвот на ДУИ е претворен во милионерска елита, додека народот живее во сиромаштија. Затоа денес ДУИ ветува функции и влез во владата на своите разочарани членови, надевајќи се дека ќе ја сокријат сопствената корупција и криминални зделки.

Да потсетиме, и Македонците избираа партија со мнозинство, но ДУИ тоа никогаш не го почитуваше. Наместо почит кон народната волја, тие секогаш бараа спас кај СДСМ, со кои се најдоа во заедничкиот именител, криминалот и корупцијата.

Кога Бујар Османи зборува за „аморфна маса”, токму тука е суштината на проблемот. ДУИ цели 20 години ја третираше албанската заедница како аморфна маса – како гласачка машинерија за нивните бизниси и криминални зделки.

Денес зборуваат за „правила” и „победник со победник”, но тоа не е демократија, туку племенска математика измислена за да останат во фотелји. Во унитарна парламентарна демократија владее волјата на граѓаните, а таа јасно кажува – со криминалци влада нема да има!

ДУИ прво ќе мора да се исчисти од криминалците, да се соочи со одговорност и да се реформира, па дури потоа да размислува за политичка иднина. Единствено СДСМ со ова раководство, уценето и потопено во заеднички афери, сè уште мисли на коалиција со нив.

Коалицијата на СДСМ и ДУИ ќе биде поразена на овие избори од коалицијата што ја предводи владата, затоа што граѓаните веќе ја препознаа разликата меѓу криминалната дружба која две децении ја пустошеше државата и новата власт која работи чесно, транспарентно и во интерес на народот.

ВМРО-ДПМНЕ и владината коалиција ќе ја добијат довербата бидејќи ја враќаат надежта, ја градат државата на темели на одговорност и резултати, и покажуваат дека Македонија може да оди напред без СДСМ и ДУИ.