Случајот е пријавен пред повеќе од десет месеци, но досега никој од надлежните институции не се потруди ништо да направи. Никој не откри која е фирмата која седи во позадина, иако на телефон се јавувале локални оператори од Македонија. Тоа значи, дека се уште чекам“, изјави кардиологот Сашко Кедев кој пред неколку месци се најде на листата на злоупотребени за побрза заработувачка.
На непознат портал беше објавено интервју, наводно со него, во кое тој промовира лек за прочистување на вени.
Тој лани, при средината на мај, случајот го пријавил во Министерството за внатрешни работи, но како што вели од таму се уште нема повратни информации, објави Фокус.
„За Сашко Кедев известено е Основното јавно обвинителство за веб страните што биле посочени. Страните повеќе не постојат и се чекаат насоки од ОЈО за постапување“, тврдат од МВР за „Фокус“.
На непознат портал беше објавено интервју, наводно со него, во кое тој промовира лек за прочистување на вени. Интервјуто беше јавно достапно, а поголемиот дел од граѓаните можеа да прочитаат и да се излажат да порачаат лек, кој докторот Кедев воопшто не го рекламира.
И микробилогот проф. д-р Никола Пановски е жртва на интернет реклама и демантира дека рекламира чај за паразити, лек или лековито средство.
Тој е револтиран од институциите во држвата што со години не преземаат ништо против лажните реклами во интернет просторот.
Не рекламирам ни чај за паразити, ниту некогаш ќе рекламирам некој лек или лековито средства, вели д-р Пановски.