Од затворот во Шутка за тв 24 потврдуваат дека со решение на судот Милески е вратен во струшкиот затвор за издржување на веќе изречената казна за случајот „Рекет“ во кој ја призна вината.

Со ова се прекинува притворот кој му беше одреден за тешката сообраќајна несреќа во близина на Ново село кај „Стража“ каде почина едно лице. Сообраќајната несреќа се случи во момент кога тој имаше добиено еден месец излез од затвор поради здравствени причини.