Денес во 12:00 часот пред зградата на oпштина Кичево, граѓаните излегуваат на протест.
-Без разлика на национална, верска и политичка припадност, Ве повикуваме на голем сенароден граѓански протест да го кренеме нашиот глас, да и порачаме на оваа локална власт дека оваа нејзина неспособност и неажурност повеќе не се трпи и дека во најкраток можен рок мора да започне со решевање на проблемите кои секој кичевчанец го засегнуваат, а за кој изминатиот период и покрај сите апели и укажувања, истата таа локална власт на чело со градоначалникот нема никаков слух за решавање на проблемите, се наведува во повикот за протест.
Кичевчани во пресрет на протестот направија и Фејсбук група каде пишуваат за големиот број на причини поради кои се решиле на ваков начин да го искажат своето незадоволство.