Локалната полиција потврди дека има таков инцидент, но не го прецизираше бројот на киднапирани деца. Киднапирањето, колку што е познато, го извршиле вооружени разбојници со мотоцикли.
Сопственичката на училиштето, Абубакар Тегина, за британските медиуми кажа дека била сведок на нападот и дека видела како 20 до 25 вооружени киднапери на мотоцикли ги киднапираат над 150-те ученици и ученички.
Таа, исто така, кажа дека киднаперите во меѓувреме ослободиле 11 ученици затоа што биле премногу мали и не можеле да одат. Во нападот била заробена и група патници од автобус што таму се затекнал за време на нападот врз училиштето.
Инцидентот е последен во серијата масовни киднапирања во нигериските училишта што ги изведуваат вооружени банди, кои потоа бараат пари за нивно ослободување. Поради честите напади бројни училишта се затворени.