Петмина членови на персоналот на Обединетите нации се киднапирани во јужен Јемен додека по завршената теренска мисија се враќале во Аден, соопштија Обединетите нации.
-Персоналот е киднапиран во петокот во провинцијата Абјан, изјави Расел Гики, портпарол на висок претставник на ОН во Јемен.
„Обединетите нации се во близок контакт со властите за да обезбедат нивно ослободување“, изјави Гики.
Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија од 2015 година се бори против движењето на Хутите во Јемен, кои се поврзана со Иран. Коалицијата интервенираше во граѓанската војна во Јемен во 2015 година, откако Хутите ја соборија владата од главниот град Сана.
Во конфликтот досега загинаа десетици илјади луѓе, а милиони се раселени, предизвикувајќи ужасна хуманитарна криза.