Во руските напади врз Украина оштетени се околу 32 илјади цивилни цели и повеќе од 700 критични инфраструктурни објекти од почетокот на инвазијата во февруари, изјави вчера украинскиот дипломат, Евгениј Јенин.

„Како што и се очекуваше од терористи, Русите гаѓаат цивилни цели. До денес, околу 32 илјади такви цели се оштетени од руски ракети и гранати. Тоа се претежно приватни куќи или цивилни станбени згради“, рече Јенин, истакнувајќи дека само три проценти од евидентираните напади се врз воени објекти.

Според него, досега се погодени повеќе од 700 критични инфраструктурни објекти – аеродроми, мостови, складишта за нафта, трафостаници…

Јенин рече дека Москва има „манијакална желба да ја фрли Украина во темнина” и оти нема причина да се верува дека нападите ќе престанат.