Киев утринава соопшти дека украинската армија од руските сили ја презела контролата врз пет населени места во јужната област Херсон.
„Оружените сили на Украина ослободија уште пет населби во областа Берислав во областа Херсон: Нововасиловка, Новогригоровка, Новаја Камјанка, Трифоновка, Червонаја“, соопшти Кабинетот на украинскиот претседател.
Украинските сили неколку седмици се во контраофанзива во областа што е под контрола на силите на Москва уште од првите денови на војната.
Независно силниот руски отпор, украинската армија на почетокот на овој месец постигна значителни успеси во регионот Херсон, особено долж крајбрежјето на реката Днепар, јужно од индустрискиот град Кривји Рих.
Киев постојано врши напади врз мостовите во областа за да го поремети снабдувањето на руските оружени сили.
Херсонската област е еден од четирите украински региони анектирани од Москва, одлука што ја осудија Киев и неговите западни сојузници.