Генерал-полковник на руската армија Јаков Резанцев е убиен во напад во близина на јужниот град Херсон, соопшти украинското Министерство за одбрана, пренесува Би-Би-Си.
Резанцев беше командант на руската 49-та комбинирана армија.
Според западни медиуми, тој е седмиот генерал на руската армија кој загинал во Украина, а втор генерал-полковник.
Се верува дека руските високи офицери дошле блиску до линијата на фронтот поради нискиот морал на руските војници.
Според расположливите информации, Русија распоредила 20 генерали за инвазијата во Украина, од кои седуммина загинале, а еден е разрешен. Станува збор за: Генерал-мајор Андреј Мордвич- загинал во акција; Генерал-мајор Олег Митјаев-загинал во акција; Генерал полковник Јаков Резанстев -загинал во акција; Генерал-мајор Виталиј Герасимов: загинал во акција; Генерал-мајор Андреј Суховецки: загинал во акција; Генерал-мајор Андреј Колесников: загинал во акција ;Генерал Магомед Тушаев – убиен во акција –
Генерал Влаислав Јерсов – разрешен.