КИЕВ ВО СТУД И МРАК
Околу 3.000 станбени згради во украинскиот главен град Киев и понатаму се без греење по серијата руски воздушни напади извршени оваа недела, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко.
– Од утрово, речиси 3.000 повеќекатници во главниот град остануваат без греење – објави Кличко на својот Телеграм профил.
Тој информираше дека екипите за итни интервенции работеле во текот на ноќта и дека снабдувањето со топлина е обновено во 270 згради, но нагласи дека состојбата и понатаму останува сериозна.
Воздушните напади предизвикале оштетувања на критичната инфраструктура, поради што илјадници граѓани се соочуваат со студени станови во екот на зимата.
Надлежните служби најавуваат дека работат на целосно нормализирање на системот, но засега не прецизираат рок кога греењето ќе биде обновено во сите згради.
КИЕВ ВО СТУД И МРАК
