Миа Тодорова (-65 кг) утре во финалето ќе се бори против Србинката Валентина Кери на Светскиот кик бокс куп во Будимпешта, Унгарија, во лоу кик.

Тодорова е префрлена да се бори во сениорска конкуренција бидејќи им се откажала противничката, а за да има повќе борби како подготовка за Европското јуниорско првенство во Будва за месец ипол.

Филип Ризов и Иле Леков во полуфиналето беа поразени, па така освоија бронзени медали. Сепак, вели селекторот Дејан Митровски, и двајцата одлично се избориле.

На СК настапуваат и Исмаел Туркер и Иван Кукуновски во лајт кик.

На СК има 1689 учесници од 45 држави од 288 клуба, односно 3084 натпреварувачи, бидејќи некои кикбоксери ќе настапуваат во повеќе дисциплини.