„Гардијан“ објави дека Ким Џонг-Ун, лидерот на Северна Кореја, допатува во Русија на самит со претседателот Владимир Путин, а се очекува да разговара за можната воена соработка и испораката на оружје на Русија за војната во Украина.

Оклопниот воз на Ким пристигна на станицата Хасан, главната железничка станица што се поврзува со рускиот далечен исток од Северна Кореја, објави јапонската новинска агенција Кјодо, цитирајќи неименуван руски официјален извор.

Се очекува средбата да се одржи денеска попладне на маргините на Источниот економски форум во рускиот пристанишен град Владивосток, каде Путин веќе пристигна.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги отфрли американските извештаи дека на состанокот ќе се разговара за склучување договор за снабдување со оружје.

– Како што знаете, додека ги негуваме односите со нашите соседи, вклучително и со Северна Кореја, интересите на нашите две земји ни се важни, а не предупредувањата на Вашингтон – рече тој.