Ли Кианг, кој се смета за еден од најблиските и најдоверливи луѓе на претседателот Си Џинпинг, во саботата беше именуван за нов премиер на Кина, пренесд Хина.
Ли, поранешен шеф на Шангајската Комунистичка партија, ќе го замени Ли Кечијанг, кој заминува во пензија по два мандати од пет години.
Ли Кианг (63) е близок сојузник на Си и служеше како негов шеф на кабинет помеѓу 2004 и 2007 година, кога Си беше секретар на провинциската партија на провинцијата Жеџијанг во источна Кина.
Премиерот е втората највлијателна позиција во Кина по претседателот Си Џинпинг.
Задачата на новиот кинески премиер ќе биде да ја оживее економијата погодена од тригодишните ограничувања поради Ковид.
Познат како прагматичен политичар вешт за лидерство, 63-годишниот Ли ќе се соочи со огромна задача да го поддржи нерамномерното економско закрепнување на Кина соочени со глобалните предизвици и недовербата на потрошувачите и приватниот сектор.
Ли ја презема должноста додека растат економските тензии со Западот поради обидите на САД да го блокираат пристапот на Кина до клучните технологии.