Кина и Пакистан усогласија предлог од пет точки за обновување на мирот на Блискиот Исток по едномесечната војна.
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Пекинг го прими пакистанскиот колега Ишак Дар, при што се согласиле за клучни мерки: итен прекин на судирите, што побрзо започнување мировни преговори, заштита на невоените цели, обезбедување безбедна пловидба низ Ормутскиот теснец и почитување на Повелбата на Обединетите нации, пренесе АП.
Договорот беше објавен од кинеските државни медиуми и Министерството за надворешни работи на Пакистан.
Двете земји ги повикаа сите страни да се придржуваат до предложените мерки, без да прецизираат конкретни следни чекори.
Средбата се одржува во време кога Пакистан се обидува да игра посредничка улога меѓу Иран и САД, користејќи ги своите односи со двете страни за да придонесе кон намалување на тензиите, пренесе „Бета“.
