Вашингтон смета дека тие разговори се тест за билатералните односи меѓу двете најголеми економии во светот. Виртуелниот разговор помеѓу американската трговска претставничка Кетрин Таи и кинескиот вицепремиер Лиу Хеи следеше по објавувањето на Таи дека таа ќе инсистира на искрени разговори и ќе побара од Кина да се придржува кон обврските преземени во трговскиот договор „Фаза 1“ постигнат од поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
– Кинеската страна преговараше за укинување на тарифите и санкциите и ја појасни својата позиција за кинескиот модел на економски развој и индустриска политика, јави Синхуа по вчерашните разговори.
Во соопштението на американското Министерство за финансии се наведува дека американската амбасадорка Таи и кинескиот вицепремиер Лиу го разгледале спроведувањето на американско-кинескиот економски и трговски договор и се согласиле двете страни да се консултираат за одредени отворени прашања во иднина.