Компаниите немаат пријавено 43 аквизиции во последните осум години, согласно правилата за „концентрација“, велат од Државната управа за регулирање на пазарот.
За секој прекршок е предвидена казна од 500.000 јуани (80.000 долари).
Пекинг започна кампања за спречување на создавање монополи на пазарот и акција за заштита на податоците од технолошки компании кон крајот на 2020 година.
Владејачката партија е загрижена дека компаниите имаат преголема контрола врз нивната индустрија и ги предупреди да не ја користат својата доминација за да ја блокираат конкуренцијата.