Кина е последниот голем пазар од кој „Боинг 737 Макс“ чекаше одобрение, откако САД дадоа дозвола за летање во декември 2020 година, а Европската унија во јануари годинава. И Бразил и Канада, исто така, го одобрија продолжувањето на летањето на овој модел на авион од нивните аеродроми.
Државите одлучија да ги забранат летовите на моделот на Боинг по смртта на 246 лица за време на пад на авионот на компанијата „Лајон Ер“ во Индонезија во октомври 2018 година и на компанијата „Етиопијан ерлајнс“ во март 2019 година.
Воздухопловните испектори за несреќата го обвинија компјутерскиот систем на авионот, што го спуштал клунот на авионот за време на летот.
„Боинг“ мораше да го редизајнира системот, а кинеските пилоти ќе мора да поминат низ нова обука пред да почнат со комерцијални летови.
Веднаш по оваа вест на кинеските воздухопловни власти акциите на комапнија „Боинг“ скокнаа за 4,25 отсто на берзите во САД.