– Што се однесува до предлогот на СЗО за втората фаза од истражувањето, тој содржи јазик што не ги почитува науката и здравиот разум. Ние нема да следиме таков план, рече тој.
Зенг посочи дека кинеските власти ги поддржуваат научните истражувања. Тој, исто така, истакна дека Кина „се спротивставува на политизирањето на истрагата за потеклото на коронавирусот и смета дека втората фаза треба да се темели на резултатите од првата фаза“.
Претходно, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, соопшти дека организацијата се подготвува за втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот САРС-КоВ-2 и очекува транспарентност од кинеските власти. Тој истакна дека првата фаза се соочувала со одредени проблеми. Едниот од нив тој го нарече „пристап до податоци, особено до податоците за почетокот на пандемијата“.
Гебрејсус, исто така, не ја исклучи можноста ширењето на коронавирусот да било резултат на „вонредна ситуација во лабораторијата“.
Кинеското Министерство за надворешни работи во својот одговор изрази надеж дека експертите на СЗО за време на новата фаза на истражувањето ќе посветат поголемо внимание на теоријата дека коронавирусот бил донесен во Вухан со замрзната храна и не се појавил како резултат на лабораториско протекување.