Кина извезе нула килограми од двата минерали, кои се клучни за производството на полупроводници, или чипови, во август, еден месец откако воведе ограничувања за продажбата во странство поради загриженост за националната безбедност.

Кина учествува со 80 отсто во светското производство на галиум и околу 60 отсто германиум, а минатиот месец ниту еден од овие елементи не продаде на светскиот пазар. Во јули се извезени 5,15 тони кован галиум и 8,1 тони кован германиум.

Портпаролот на кинеското Министерство за трговија Хе Јадонг на прес-конференција рече дека Министерството примило барања за извоз од компании кои тргуваат со овие минерали и дека некои барања се одобрени.

Ограничувањата ја сигнализираат подготвеноста на Кина да возврати на американските извозни контроли, и покрај загриженоста за економскиот раст додека врие технолошка војна.

Аналитичарите велат дека ограничувањето на извозот е меч со две острици, што може да ѝ наштети на кинеската економија и да го забрза преминот кон други синџири на снабдување.

Кина можеби е водечки производител на двата минерали, но има алтернативни производители, како и замени за двата минерали, рече аналитичарот на Групацијата Евроазија во извештајот од јули.