-Кина е многу незадоволна и силно се противи на тоа, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Ванг Ји.

САД вчера воведоа санкции за компании од Кина, Грузија и Турција за дејствија „спротивни на надворешно-политичките интереси на американската земја“.

Министерството за трговија, пак, соопшти дека Соединетите Американски Држави вовеле санкции за кинеската Воено-медицинска истражувачка академија.

Во документот се вели дека се наметнати санкции на Кинеската академија за воено медицински истражувања и нејзините 11 истражувачки институти за микробиологија, епидемиологија, токсикологија, биоинженерство, контрола на болести, па дури и ветеринарна медицина за „користење биотехнолошки процеси за поддршка на кинеската армија“. Агенцијата наведува и информации за „можно оружје за контрола на мозокот“.

-Овие акции се спротивни на интересите на САД во областа на националната безбедност и надворешната политика, соопшти Министерството за трговија.