Кина се договори со САД да ослободи извесна количина нафта од своите стратешки резерви за време на овогодишната кинеска Нова година, која се паѓа на 1 февруари.

Според извори на кои се повикуваат некои светски агенции, договорот е постигнат на крајот на 2021. Количината на нафта што Пекинг планира да ја пушти не е прецизирана, но се знае дека тоа ќе зависи од нивото на цените на енергенсот. На пример, ако цената е над 85 долари за барел, ќе се пуштат поголеми количини, додека ако цената на нафтата е околу 75 долари, количините ќе бидат помали.

Во ноември минатата година, американскиот претседател Џо Бајден одлучи да ослободи 50 милиони барели нафта од стратешките резерви на земјата. Според Белата куќа, ова е направено за да се намалат цените на горивата за Американците и да се стабилизира понудата и побарувачката на светскиот пазар по пандемијата. Американските власти соопштија дека голем број други земји, вклучително и Велика Британија, Кина, Индија, Јужна Кореја и Јапонија, ќе преземат сличен чекор.