Заменикот-министер за надворешни работи на Кина, Ле Јученг, вели дека НАТО не треба и понатаму да се шири кон исток и на тој начин да става нукеларна сила како Русија во ќош.
„Санкциите кон Русија стануваат претерани“, изјави Ле Јученг во Пекинг, пренесе Ројтерс, Кина не го осуди рускиот напад на Украина, но изрази загриженост за ситуацијата.
„Историјата секогаш одново покажува дека санкциите не може да ги решат проблемите. Тие само ќе им наштетат на обичните луѓе, ќе влијаат на стопанскиот и финансискиот систем и ќе ја влошат глобалната економија“, изјави Јученг.