Шефот на кинеската дипломатија Чин Ганг од денеска до 12 мај ќе ги посети Германија, Франција и Норвешка.
Предвидени се средби на Ганг со германскат, француската и норвешката министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, Катрин Колона и Аникен Хуитфелд.
Други детали за средбите не се наведени.
Посетата на Ганг на Европа е во момент кога Кина се обидува да има посредничка улога во војната во Украина.