Општина Аеродром го добива првиот мултифунционален културен центар каде аеродромци ќе можат да уживаат во концерти, кино-проекции, мултимедијални проекции, театарски претстави, ликовни изложби, конференции и голем број други настани, соопштија од Општината.

Мултифунционалниот центар се наоѓа во непосредна близина на СЦ „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче. Ваквиот центар ќе претставува место со кое ќе се збогати културниот и социјалниот живот на жителите.

Простор од 1.500 м² – што опфаќа културниот центар?

Станува збор, како што појаснуваат надлежните, за целосна реконструкција и комплетно уредување на простор од околу 1.500 м².

„Општина Аеродром со овој проект аплицираше на повикот на Владата и доби 99 милиони денари за првата фаза од реконструкцијата.

Со реконструкцијата овој простор ќе биде целосно оплеменет. Покрај главна сала – гледалиште, ќе опфаќа и фоаје, бифе и едукативни простори-работилници. Исто така, ќе биде изграден и лифт со што ќе се реши пристапноста до содржините на мултимедијалниот центар за сите категории граѓани.

240 места за седење и ред за лица со посебни потреби

Гледалиштето во главната сала ќе има над 240 места за седење и дополнителен ред прилагоден за лица со посебни потреби во колички.

„Општина Аеродром го добива својот прв мултифункционален центар со поддршка од Владата и од Министерството за култура и туризам. Овој проект е од круцијално значење, затоа што аеродромци за првпат ќе добијат културен центар, што ќе внесе посебен и нов импулс во нивниот културен-забавен живот“, се истакнува во информацијата.

Повеќе детали може да погледнете од објавата на в.д. градоначалникот Дејан Митески. Погледнете ја во продолжение.