Александар Кирацовски призна зошто СДСМ доби лоши резултати, како во Битола, така и на ниво на целата држава.

-Генезата на изборниот резултат на СДСМ според мене е повеќеслојна , прво неизлезноста на традиционалните гласачи, и неопределеното гласачко тело кое што на некој начин даваше поддршка во изминатите изборни циклуси, коалициското раслојување на СДСМ и секако одреден ден на слабости во самото функционирање. Знаете граѓаните оценуваат севкупно, тие разликуваат претседателски, локални или парламентарни избори. Сепак на изборниот ден преку чинот на гласање испраќаат одредена порака. Затоа што знаат дека тоа е најдиректниот начин пораката да биде испратена, да биде примена, и истата да боли, истакна Александар Кирацовски од СДСМ.

Кирацовски додаде дека пораката од граѓаните кон СДСМ беше кон внатрепартиските слабости, и владино и централно.

-За Битола, сепак јас живеам тука и постојано сум во контакт со граѓаните, и не бев вчудоневиден од резултатите. Имајќи предвид дека најискрено и само критично кажано колку е направено, т.е. не е направено за Битола, првенствено и од централна власт, но и од страна на локалната самоуправа, нагласи Кирацовски.

Кирацовски посочи дека битолчани се гневни на СДСМ порани неостварените ветувања кои ги даваа во 2017-тата година.