Откако лидерот на Левица, Димитар Апасиев покажа вистинско простотилак во македонското Собрание со физичкиот напад и вербалната расправија стигнуваат реакции на социјалните мрежи. Меѓу многуте кои објавија против Апасиев беше и поранешната кандидатка за градоначалник на Општина Аеродром од редовите на Левица, Весна Кираџиева.

(ВИДЕО) Апасиев повторно се степа во Собранието

Таа не го оправдува насилството и напиша дека мора да биде санкционирано. Апасиев и Крмов ги опиша како искомплексирани и исфрустрирани поединци.

Насилството кое го промовираат извесни пратеници во Собрание мора да биде санкционирано во иднина. Не може да се кријат под заштита на пратенички имунитет и ние да трпиме одвратни насилнички сцени на неколку искомплексирани, исфрустрирани поединци, напиша Кираџиева на платформата Икс.