Советникот Стефан Кирков упати остри критики до власта и градоначалничката Арсовска

Oдржувањето на  една седница нема да го реши деценискиот проблем со дивоградбите. Ова го обвини денеска советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Стефан Кирков. Според него, за нив ДУИ 20 години не сноси одговорност.

„Не може со една седница да се реши долгогодишниот урбанистички хаос“

„Илузорно е, популистички и целосно провидно да се смета дека дивоградбите ќе ги реши една седница“, нагласи Кирков. Според него, сегашното дејствување на градоначалничката Данела Арсовска претставува само популистички обид за добивање поени во јавноста, откако, како што рече, четири години не сторила ништо конкретно по ова прашање.

„Арсовска имаше време – сега само глуми пред избори“

Кирков истакна дека дивоградбите не се проблем кој настанал неодамна, ниту пак е реално да се очекува нивно решавање во наредните неколку месеци. Тој обвини дека има функционери кои со години се дел од власта и молчат за урбанистичките криминали, а сега, во предизборие, се обидуваат да се претстават како борци за ред и закон.

Апел за институционално решавање, без политички спектакли

„Има институции кои се надлежни за ова. Тие треба да постапуваат по закон, а не да се користи седницата за политичка претстава“, додаде Кирков. Тој заврши со ставот дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во, како што ја нарече, „режираната претстава“ на СДСМ, Левица и градоначалничката Арсовска.