Кинологот Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ во врска со актуелната тема за продажба на обучени службени кучиња по пат на јавно наддавање од страна на Министерството за одбрана за ЛИДЕР истакна дека како голем познавач на Кинологијата, како човек кој е долго време во работата како активист, кинолошки судија, познавач на расите на кучиња смета дека ова е еден голем преседан на Министерството за одбрана и оваа одлука за продажба на кучињата, затоа што се работи за службени кучиња кои првенствено се платени премногу скапо за да се купат, потоа се платени премногу скапо, за да истите бидат обучени во разни акции, тоа значи дека овие кучиња учествувале во акции обучени за пронаоѓање на дрога, одбрана и напад, се користеле за службени полициски цели, за пронаоѓање на експлозивни направи и сметам и дека и тоа како на министерството за одбрана му се корисни.
-Преседанот за кој се продаваат е напишан како оглас на движечки ствари, замислете на службени кучиња кои биле користени за потребите на министерството за одбрана сега се продаваат како движечки ствари на електронска аукција, нималку хумано, ние не знаеме кој ќе ги купи тие кучиња, кој има право да ги купи, каде ќе завршат, за која цел ќе се користат, дали ќе се користат понатаму ќе завршат кај луѓе што се бават со нелегални работи, дали ќе завршат за борби за кучиња , дали некој ќе ги пушти на улица и така градов мака мачи со бездомни кучиња, не знаеме кој и како ќе ги купи, плус тоа цената која е објавена за продажба на ваков тип на кучиња е навистина смешна цена, овие кучиња се стари година ипол, што значи дека допрва ќе треба да бидат користени, министерството џабе платило за обука и да ги купи кога ги продава на година ипол, вели Кирков.
На прашањето каква е процедурата во ваквата ситуација и дали ова можеби претставува кривично дело, бидејќи во други земји (Европски, САД..) повредувањето или убивањето на ваквите кучиња се смета за тешко кривично дело, Кирков одговри дека во Европската унија, полициските кучиња конкретно, во САД кучињата се третирани исто како и човечка сила.
-Што значи дека ако вие повредите куче, го оттуѓите..станува збор за кривична постапка која ќе биде гонета против вас со големи санкции, меѓутоа еве гледаме дека кај нас се продаваат кучињата како да е некој предмет и затоа тука има огромни реакции и од страна на одгледувачите на кучиња, од друштвата за заштита на животни, затоа што ние не знаеме кој се ќе ги купи, во огласот вели право на купување на кучињата имаат сите физички и правни лица кои ќе достават понуда, што значи дека ние не сме сигурни кој ќе ги купи и каде ќе завршат, истакнува тој.
Кирков додаде дека огласот објавен од страна на Министерството за одбрана е навистина преседан, се работи за 14 кучиња од расата белгиски и германски овчари кои што се стари година ипол кои имаат време да се докажуваат кои се платени со високи пари, платена е нивна обука и тие допрва треба да служат за потребите на Министерството, а може и да се пренаменат и во МВР , но никако не треба да се продаваат затоа што ризично е ваков тип на куче обучено да заврши кај физичко лице , затоа што тоа куче е обучено на такви команди за кои не можеме да гарантираме дека истото може да живее во урбана средина.
За тоа дали кучињата се опасни доколку завршат на улица, Кирков истакна дека секако се опасни, тие се дресирани да работат со армиски припадник чии команди ги слуша, се друго е опасно, да живее кај што има народ и деца.
-На што се основа оваа одлука, кога министерството за одбрана има капацитет за 50 кучиња, зошто смета баш дека овие кучиња се непотребни на министерството и преседан е да ги продава на ваков начин, може да се преинаменат во МВР, Царина, секаде каде што постојат службени кучиња?, упатува прашање до Министерството за одбрана.