-Моментално со ресурси од општината сме на терен да видиме каква е состојбата зошто пред недела време водостојот на реката беше многу голем, а сега е малку намален. Излеговме да ги видиме дополнителните штети кои се настанати од неодамнешните поплавите кои што го зафатија нашиот регион, поширокиот Источен и Југоисточен регион. Значи слободно можам да кажам од терен дека штетите на локацијата Рамна река во изворшиниот дел на река Брегалница се во алармантна ситуација со големи штети на патната инфраструктура, со одрони на патот и поткопување на асфалтот кој не е безбеден за движење, а имаме и големи оштетувања на канализационата и водоводна мрежа, а големи оштетувања имаме и на извидничкото место Бараки, детските игралишта, фудбалските и кошаркарските игралишта, вели Китански.
Според Китански потребно е итно одржување на состанок со засегнатите институции како и мислење од страна на стручните лица како да се превенира и кои мерки да се преземат.
Мислам дека прво треба да одржиме координативен состанок со сите институции, да излеземе на терен, да ги согледаат и да ги видат работите бидејќи тие се стручни лица во таа област, и треба да кажат како да превенираме и кои мерки да се преземат. Додека не се види ситуацијата на терен ние не можеме ништо да зборуваме, нагласи Китански.
На прашањето дали воопшто нема некаква помош од страна на власта и општината, Китански вели дека сега за сега не, но дека е потреба неминовна помош од страна на централната власт.
-Сега за сега не, немаме никакви побарувања од нивна страна да не прашат за штетите кои се настанати. Ние секој ден излегуваме на терен затоа што тоа е голем предел, големи делници се, и допрва треба да се утврдуваат штетите. Како што реков треба да се направи план, да се достави до влада, но тоа пак мора да биде во консултација со стручни служби и со нашите институции. Мислам дека оваа ситуација е алармантна и ние сами не можеме да ја решиме. Потребна ни е неминовна помош од државата и државните институции, изјави тој.