– Денес сме тука за да ви кажеме дека им се забранува влезот на функционерите на ДУИ, коишто оваа тврдина на албанската култура ја држеа како заложник за подолго од една деценија. Ги имаме гледано во повеќе наврати како злоупотребуваат разни спортски, културни настани, па дури и детски манифестации, иако тие немаа ниту право а ниту пак некоја заслуга за тие настани, посочи Ќаили.
Тој додаде дека денес постои уште една разлика.
– Тие не само што немаат заслуга за ова повторно отварање, тие се виновни за доцнењето повеќе од една деценија. Тие се виновни за злоупотребите на парите на граѓаните, за тоа што ги оставија уметниците без работа и љубителите на уметноста без претстави. Тие исто така имаат и голема национална вина, тие се виновни за уништувањето на албанската култура со секоја нивна постапка и одлука. Вие господа, уништувачи на албанската култура, треба да дадете отчет и да одговарате! За вас нема место во седиштата на Театарот, туку во клупите на обвинетите, смета Ќаили.