Во врска со смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот, министерот за здравство иницираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведе вонреден инспекциски надзор.
Во врска со смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот, министерот за здравство согласно Законот за здравствена заштита и Законот за санитарна и здравствена инспекција иницираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведе вонреден инспекциски надзор за постапката за прифаќање и третманот на младиот ракометар.
По повод смртта на прерано починатиот хрватски ракометар, Министерството за здравство изразува најдлабоко сочувство до семејството и неговите најблиски!, соопштуваат од Министерството за здравство.