Американскиот заменик-помошник државен секретар, Габриел Ескобар во интервју за 360 степени отворено најави дека ќе има нови имиња од Македонија на црната листа на САД.

Дозволете ми само да кажам дека оваа администрација, администрацијата на Бајден, е посветена на борбата против корупцијата. Бидејќи корупцијата толку ги нагризува општествата. Не можеме да дадеме најава на санкции, но бидете сигурни дека ќе ги има, рече Ескобар.

Тој додаде дека за целиот регион, корупцијата е огромен проблем, и е срќен што пристапниот процес кон ЕУ му дава централно место на владеењето на правото како услов за влез.