Американските обвинители денеска најавија дека ќе бараат најстрога казна смртна за Тајлер Робинсон, кој е обвинет за убиството на познатиот американски патриот Чарли Кирк.

Робинсон се соочува со обвиненија за убиство, користење огнено оружје со предизвикување тешки телесни повреди, попречување на правдата, манипулирање со сведоци и насилство извршено во присуство на деца.

Окружниот обвинител на Јута, Џеф Греј, изјави за CBS News дека првите две точки од обвинението носат отежнувачки околности:

„Сметаме дека обвинетиот го нападнал Кирк поради неговите политички убедувања, и тоа знаејќи дека деца биле присутни и ќе бидат сведоци на пукањето“.

Според Греј, обвинението за попречување на правдата се темели на обидите на Робинсон да ги сокрие доказите, додека за манипулирање со сведоци обвинетиот наводно му наложил на својот цимер да ги избрише пораките и да не разговара со службените лица.

„Убиството на Чарли Кирк е американска трагедија. Кирк беше убиен додека практикуваше едно од нашите најсвети и најскапоцени права – слободната размена на идеи и потрагата по вистината, разбирањето и посовршеното единство“, изјави обвинителот Греј, изразувајќи сочувство до семејството на Кирк и поддршка за сведоците на трагичниот настан на Универзитетот во Јута.

Робинсон ќе остане во притвор без можност за кауција додека трае постапката.