Бојкотот на законодавниот дом започна денеска, а од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека ќе учевствуваат и во расправата за државниот буџет.
Бојкотот на Собранието од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, нема да значи и блокирање на важните одлуки кои во иднина би можеле да се носат во законодавниот дом, истакнаа за Плусинфо од опозициската партија.
– Активната блокада значи дека нема да ги подржиме штетните закони и ќе ги активираме сите можни алатки. Тоа значи дека ќе се бориме и ќе поддржиме само решенија од кои директна корист би имале граѓаните, повисоките плати за кои се бориме или заштита на стандардот за кој инсистираме – вели изворот на Плусинфо во ВМРО-ДПМНЕ.
Од редовите на оваа партија порачуваат дека бојкотот на Собранието е единствениот начин на политичка борба, што на ВМРО-ДПМНЕ му остана на располагање, откако од владејачката СДСМ одбија да преговараат за предвремени избори.
– Партијата побара датум за предвремени парламентарни избори, што е сосема легитимно барање на една опозициска партија, која гледа како Македонија со СДСМ тоне во криза секој ден. Оваа понуда беше одбиена за половина час од страна на СДСМ преку прес-конференција. Не ни размислуваат да разговараат за проблемите – додава нивниот соговорник.
Бојкотот на законодавниот дом започна денеска, а од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека ќе учевствуваат и во расправата за државниот буџет.