Најтрофејниот италијански клуб Јувентус доби 15 бода казна, па битката за титулата и за Европа доживеаа тежок удар, па следен кој може жестоко да настрада е актуелниот лидер Наполи, зашто според италијанските медиуми се истражува трансферот на Нигериецот Виктор Осимен.
Осимен сезонава има 13 гола во 15 меча за Наполи, игра во невероајтна форма, но обвинителот на италијанската федерација сега истражува малверзации со неговото доаѓање во Наполи од Лил и лажни финансиски податоци, кои ако се покажат како точни, Наполи би можел да доживее сериозен удар во трката за шампионската титула.
Наполитанците моментно се 12 бода со меч повеќе од Милан, а 13 пред Интер, но како што пишува „Ла Република“ многу веројатно е повторно отворање на истрага за трансферот на нигерискиот центарфор, иако спортскиот адвокат во Италија го ослободил првично Наполи за било какви малверзации, исто како и во случајот со Јувентус, но обвинителството потоа после добиени информации повторно ја отворила истрагата која сега заврши со сериозна казна за „старата дама“