Организаторите ги повикуваат сите студенти кои се заинтересирани за иднината со електрични возила, сакаат да се вклучат во дискусија или пак имаат некаква идеја како да го дадат својот придонес за зголемување на енергетската ефикасност во сообраќајот, како и намалување на загадувањето предизвикано од истиот, да се приклучат и да го следат овогодинешното издание на СКЕЕОР.
На овогодинешната конференција предавање ќе одржат м-р Христина Костадинова – Бошкова, на тема: „Технолошки иновации за побезбедни, поефикасни и попаметни возила“ и Никола Маркоски, претставник на компанијата „БРАКО“ – производител на првите хидрогенски возила во земјава, на тема „Производство на први хидрогенски возила во Македонија