Министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања рече дека тоа можеби ќе вклучи и план за вакцинирање на деца од 12 до 16 години бидејќи Американската агенција за лекови ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца на таа возраст. Евалуацијата на сите препораки и дали децата треба да се вакцинираат ќе се прави во текот на летово.

– Во нашите планови за пристигнување вакцини, може да ја покриеме со количини бројката на деца од 12 до 16 години. Ќе ја проектираме таа количина и ќе ја зачуваме за децата, но нормално таа нема да биде задолжителна, рече Филипче.

Министерот соопшти дека е завршена вакцинација на пациенти со трансплантирани органи и на пациенти на дијализа, во тек е за лицата со ретки болести, а следни се оние  со потешки хронични белодробни заболувања.