Првиот човек на СОЗР информирше за новонастанатата состојба. Томовски потсети дека оградата беше насилно извадена од претходната власт.

Денес Владата ја задолжи Службата за заеднички и општи работи да ја врати оградата која беше поставена околу владината зграда, но насилно извадена од страна на претходната власт и заменета со дотраени полициски огради наменети за разбивање на граѓански собири, објави Ивица Томовски.

Томовски објави и фотографии од состојбата на оргадата.

Оградата е лоцирана и истата е во незавидна состојба, што може да се види и од фотографиите. Она што е посебно фрапантно е акутната негрижа кон државниот имот. СОЗР ќе направи напори со сопствени сили да ја стави оградата на нејзиното вистинско место во најкус период, додава тој.

Во продолжение може да ги видите фотографиите на самата објава на Фејсбук.