Бројни реакции по социјалните мрежи предизвика информацијата дека од од 00 часот на 13 февруари 2024 година нема да важат сообраќајните и возачките дозволи без „Северна“.

Неспособноста на власта да го реши овој проблем предизвика огромен гнев кај населението, па сите почнаа и на шега да прашуваат дали важат парите , кредитите, венчаниците кои немаат „Северна“.

Ви пренесуваме дел од реакциите

 

Во меѓувреме власта наместо да понуди решение, во денешните соопштенија ја обвинува опозицијата дека создава хаос. По гласните реакции на јавноста доцна синоќа  се огласи само претседателот Стево Пендаровски кој на социјаните мрежи напиша дека никој не смее да биде казнет. Неприфатливо е македонските граѓани кои се веќе изложени на сопствен трошок да менуваат документи, да бидат ставени во состојба на паника и страв дали ќе бидат казнувани при нивното учество во сообраќајот“, напиша Пендаровски.

„Барам од парламентарните политички партии веднаш да донесат измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и соодветните норми во други закони што ја регулираат оваа област за да им се овозможи на граѓаните да им важат возачките дозволи и возачките книшки на сите возачи кои што учествуваат во сообраќајот на територијата на државата, а чиј рок на важење не е истечен сметано од нивното издавање. Како што кажав и пред неколку седмици, доколку се има политичка волја, законските решенија може да се донесат во многу краток рок“, бара Пендаровски.

Пендаровски ги повикува надлежните институции навремено и точно да ги информираат граѓаните за сите чекори кои се преземаат да се надмине оваа неприфатлива ситуација.